Дома - Табернакул


 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

шифра 2 – „Просветно дело“, автор: д-р Марија Тофовиќ-Ќамилова, доктор на педагошки науки

РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА: проф. д-р Снежана Адамчевска, Душанка Панкова, Надица Марковска
Понудениот ракопис опфаќа само едно програмско подрачје од содржините на програмата за македонски јазик за прво одделение во деветгодишното основно образование. Ракописот нуди решенија за запознавање на буквите преку воочување на сврзници и предлози. Истовремено децата се наведуваат на цртање на големите печатни букви преку демонстрација на движењето на потезите. Во ракописот се понудени и решенија за комплексно читање преку слогови. Авторите не остануваат доследни на оваа концепција туку се нудат реченици кои детето треба да ги препознае и прочита. Дел од нив се едноставни и прифатливи а некои се сложени и составени од повеќе зборови.
Илустративните компоненти се современи и ги задоволуваат критериумите.
Сугестија: Да се изостави делот каде децата треба самостојно да ја пишуваат азбуката, да се редуцираат подолгите реченици и текстови и да се изостават поимите на пример ШУТ стр. 85, ќелав стр. 95, беќари стр. 78 итн.
Заклучно согледување:
Користењето на понудениот ракопис е условено од внесување на наведените сугестии, особено во однос на неопфатените програмски подрачја.“

КОМИСИЈА, БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Ајше Ајрулаи, Мито Стефановски, Блага Панева, Илија Лешковски, Јакуп Илјаз
„Ракописот со шифра 2 споредбено со барањата на наставната програма за македонски јазик за прво одделение го обработува само програмското подрачје Подготовка за почетно читање и пишување. Другите програмски подрачја и содржините од нив се реализираат преку активностите предвидени за оспособување на учениците за почетно читање и пишување. Содржините и илустрациите опфатени во ракописот соодветствуваат со целите од програмското подрачје што е обработено и одговараат на возраста на учениците.
Во предлогот на ракописот меѓу другото се вели дека содржините ќе се реализираат со помош на компјутер, односно дека ќе биде обезбедено и ЦД како составен дел на учебникот. Бидејќи комисијата немаше на увид ЦД не беше во можност да даде мислење за тој дел.“

Наставната програма за Македонски јазик за прво одделение предвидува пет програмски подрачја. Последното, „Подготовка за почетно читање и пишување“, застапено е во бројот на предвидени часови само со 14%. (забелешка: „Табернакул“)

ЦИТАТ од Наставната програма за македонски јазик за прво одделение (стр. 22):
„За реализација на наставната работа по предметот Македонски јазик во I одделение не се препорачува користење на буквар...

 

 
   
 

Книги | Учебници | CD-ROM изданија | За Табернакул | Контакти

(c) Табернакул - сите права поддржани