Табернакул
За Табернакул
Вести
Книжарница
Контакти
Книги Библиотека „Темелници“ Белетристика Класика За деца Поезија и лирика Драма Филозофија Религија Митологија Есеистика Историја Медицина Право Популарна наука Речници Монографии Од нашата традиција
 Учебници III одд. IV одд. V одд. VI одд. VII одд. VIII одд. I год. IV год.
 CD-ROM изданија
|
|
МАТЕМАТИКА ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ
шифра 30 – „Просветно дело“, автори: д-р Билјана Крстевска, доктор
по математички науки и Кети Темелкова, дипломиран педагог
РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА: Доц. д-р Снежана Мирасчиева, Лилјана Малковска-Крстевска,
Рефкије Шерифи
„Согласно методологијата, ракописот на учебникот ги задоволува стандардите
според наставниот план и програм. Концепциски е добро осмислен, сите
наставни единици започнуваат на ист начин што учениците можат да го
научат начинот и постапката на усвојување на новата наставна содржина,
но истовремено тоа пак може да доведе до монотонија и работа по автоматизам,
без размислување и механички. Дидактичката структура поттикнува на размислување,
ама проблемски задачи кои овозможуваат да има и диференциран пристап
во работата со учениците.
Во ракописот се содржани одредени елементи од апаратурата за ориентација
како што се наслови и поднаслови и обраќање на авторот.
Сликите дадени во ракописот одговараат на возраста на учениците, но
нивната големина не е соодветна затоа што моториката и способност за
ориентација во простор се уште не е доволна развиена за да можат точно
и прецизно да одговорат на поставените барања. Боите се живи, впечатливи
и помагаат да се постигне поставената цел. Упатствата за работа се разбирливи,
го развиваат логичкото мислење а за успешното решавање на поставените
задачи помагаат и симболите кои што се користат во целиот ракопис. Ракописот
има дидактички работен материјал за активности на ученикот каде преку
игра ги решаваат поставените проблемски задачи, истовремено и развиваат
одредени вештини како што се сечење, лепење. Цениме дека овој ракопис
е интересен за децата и е одличен патоказ за воведување на децата во
светот на математиката и има карактеристики на современ учебник наменет
за ученикот.“
КОМИСИЈА, БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Љиљана Самарџиска-Панова,
Гоце Шопкоски, Муса Зука, Лилјана Ѓорѓиовска
„Ракописите број 24 и 30 се идентични, првиот на албански, а
вториот на македонски јазик. Затоа за двата се осврнуваме истовремено.
Имено, во нив разработката на темите по обем не е сразмерен
на обемот на темите препорачан во програмата. Така, темата
2 за која со програмата се предвидени 50 часа, во ракописите е разработена
на околу 20 страници, додека темата 3 е предвидено да се обработи на
44 часа а во ракописите е разработена на 57 страници. Во ракописите
не се разработени голем број поими како: утре, утро,
вчера, денес, најпрвин, потоа, на крај, пред тоа, броење до 10, нестандардни
мерки за должина и за маса, лево од мене, десно од мене, редни броеви
(бројот 5.) и сликовито претставување на податоци. Надвор од
програмата се обработени множества, операциите собирање и одземање
со броеви поголеми од 1 (во прилогот), релации, пишување на линии: коси,
легнати и исправени и на знаците +, -,<, >, =, годишно време и
број на месеци во годишните времиња. Исто така, откривањето на броевите
не е доволно изградено. Се користи множествен приод преку еквивалентни
множества, што за оваа возраст на учениците не е предвиден со
програмата, а од друга страна, за овој приод не се дадени потребните
насоки за наставникот. Повеќето од содржините се обработени
преку мал број активности, така што најголем дел од нив можат
да послужат за петминутна проверка на крајот од часот, односно за проверка
на постигнатоста на целите на наставната содржина. На стр. 68, 74, 80
и 85 се дадени активности кои се некоректни, а и збунувачки
за ученикот.
Затоа ракописите број 24 и број 30 делумно се усогласени со
Наставната програма по математика за 1 одделение и со Концепцијата
за учебник.“
|
|
|