Дома - Табернакул


 

МАТЕМАТИКА ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

шифра 5 – „Просветно дело“, автори: д-р Слаѓана Јакимовиќ, доктор по математички науки; Валентина Ангелковска, професор по одделенска настава и Весна Недановска, професор по одделенска настава

РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА: Доц. д-р Снежана Мирасчиева, Лилјана Малковска-Крстевска, Рефкије Шерифи
„Ракописот содржински одговара на барањата поставени во наставниот план и програм за прво одделение од деветгодишното основно образование. Насловната страна живо е илустрирана, со топли бои. Буквите одговараат на македонскиот правопис. Има обраќање кон учениците и илустрирана апаратура за ориентација. Активностите се претставени со симболи во однапред дадената легенда за работа. Ракописот е илустриран со прекрасни илустрации, обоени со живи бои кои предизвикуваат силен интерес кај децата и го задржуваат вниманието и љубопитноста. Концепциската поставеност е во функција на интегрирање на наставните содржини. Активностите за самостојна работа на ученикот се лесно разбирливи, јасно поставени и нуди огромна можност за интегриран пристап во наставата.
Ракописот има и прилози кои се наменети за самостојна работа на ученикот и се во функција на содржините од основниот текст. Насоките за работа се јасни и лесно разбирливи што помагаат успешно да се изработат поставените задачи.
На мислење сме дека ракописот на учебникот под шифра 5 е дидактичко-методски обликуван и е во функција на целокупниот развој на детето.“

КОМИСИЈА, БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Љиљана Самарџиска-Панова, Гоце Шопкоски, Муса Зука, Лилјана Ѓорѓиовска
„Обемот на ракописот број 5 е адекватен на обемот на темите во наставната програма. Некои поими не се предвидени со програмата (квадар некогаш и сега), додека, пак, голем дел од останатите поими се делумно обработени, т.е. само со по една активност (на пример: броевите 1, 2, 3, 4, 5 се воведуваат наеднаш и без потребната дидактичка доследност), односно формирањето на поимите не е секогаш комплетно. Од ученикот се бара да ги запишува броевите 1, 2..., 10, знаците >, <, =, + и -, како и операциите со броевите до 10. На стр. 106 авторот презентира пример според кој учениците ќе соберат дедо, баба, внука, маче и глувче (!). За имињата на броевите (со цифри и со зборови) се користи обичен текст, без естетика и без да се внимава на правилното запишување, а од друга страна од учениците, кои не се описменети се бара да ги запишуваат и броевите и операциите со броеви.
Затоа ракописот број 5 во најголем дел не е усогласен со Наставната програма по математика за 1 одделение и со Концепцијата за учебник.“

 

 
   
 

Книги | Учебници | CD-ROM изданија | За Табернакул | Контакти

(c) Табернакул - сите права поддржани