Табернакул
За Табернакул
Вести
Книжарница
Контакти
Книги Библиотека „Темелници“ Белетристика Класика За деца Поезија и лирика Драма Филозофија Религија Митологија Есеистика Историја Медицина Право Популарна наука Речници Монографии Од нашата традиција
 Учебници III одд. IV одд. V одд. VI одд. VII одд. VIII одд. I год. IV год.
 CD-ROM изданија
|
|
| Дома > Актуелно
> ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ |
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ
шифра 1 – „Просветно дело“, автор: Ели Маказлиева, магистер по педагошки
науки
РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА: Доц. д-р Снежана Мирасчиева; Цонка Буковалова,
Лулјета Азизи
„Содржинската поставеност во целост е согласна со наставната програма.
Богатите содржини го следат начинот на живеење и опфаќаат содржини од
мултикултурата, низ запознавање со обичаите, традициите и културата
на етничките заедници. Исклучена е секаква можност за полова дискриминација.
Апаратурата за ориентација (содржината) е претставена колоритно и јасно.
Илустративниот дел е богат со живи бои, композициски поврзани елементи
и јасни пораки кои се во функција на поставените наставни цели. Илустрациите
се богати и разновидни така што покрај слики се застапени и автентични
фотографии. Овој ракопис го следи развојот на детето и содржините и
активностите за самостојна работа на ученикот ги градуира почитувајќи
ги основните дидактички правила. Ракописот изобилува со активности и
прилози за самостојна работа. Активностите се од различна природа, како
на пример исечи, залепи, спореди, поврзи, означи, раскажи, обој и се
дадени во легендата за работа. Имено, предвидените активности подеднакво
се однесуваат и на интелектуалниот и на моторичкиот развој на ученикот.
Ракописот на учебникот под шифра 1 на крајот содржи упатства за примена
и помош на наставникот, ученикот и родителот. Цениме дека овој ракопис
на учебник ги задоволува дидактичко-методичките барањата за современ
учебник и е во функција на развојот на ученикот.“
КОМИСИЈА, БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Таше Стојановски, Зејна
Хаљими, Олгица Наумоска, Даница Тавџиевска
„Со изборот и обликувањето на илустрациите и активностите во ракописот
не се исполнети барањата што се поставени во наставната програма
и концепцијата за учебник. Тоа особено се покажува
со изборот на поднасловите, бидејќи тие не одговараат на возраста на
учениците. Исто така има премногу илустрации кои имплицираат
само набљудување без активности за идентификување, споредување,
откривање што е слично, а што е различно и други активности.
Во ракописот има поими од наставната програма кои не се обработени
на соодветен начин според возраста на учениците (особено тоа
е карактеристично за поимот ученик-ученичка, машко-женско, храна-вода,
ден-ноќ, вчера-денес, денови во седмицата, здрава и чиста околина и
др.)
Со илустрациите не се одредува природата на сознајниот процес
ученикот сам да поставува прашања, да открива, споредува, опишува и
сл. Преовладуваат активности само за поврзување на елементи на цртежите,
сликите и сл. (ученикот да покаже што каде припаѓа или да заокружи).
Исто така има доста упатства, прашања и прилози кои не се соодветни
на возраста на учениците.
Нема осмислено илустрации и активности за запознавање на културата
и традицијата на другите заедници, родовата еднаквост како
ученикот да помага на помалите и различните од себе.
Илустрациите не се привлечни по боја и тематика и не
ги потикнуваат учениците за самостојни активности во процесот на учењето.
Овие показатели потврдуваат дека не се запазени целите и стандардите
на наставната програма и концепцијата за учебник.“
|
|
|