Дома - Табернакул


 

АЛБАНСКИ ЈАЗИК ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

шифра 22 – „Просветно дело“, автори: д-р Авзи Мустафа, доктор на филолошки науки и Џеврије Мустафа, проф. по одделенска настава

РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА: д-р. Лулјета Исаку, Шурете Рустеми, Батуше Бела
„Ракописот со шифра 22 е изготвен земајќи ги во предвид сите дадени параметри од наставната план-програма изготвена од страна на Бирото за развој на образованието. Овој ракопис го исполнува пресудниот услов за да биде во употреба во нашите основни училишта.
Ракописот е поделен во два дела:
Во првиот дел се дадени кратки текстови и слики кои го потикнуваат правилното употребување на зборовите во албанскиот јазик, да ја развие говорната култура преку сликите, како и запознавањето на новата училишна средина. Тука се употребува директниот збор на наставникот кој е како модел за правилното изговарање на зборовите како и артикулација на гласовите/фонемите во албанскиот јазик.
Во вториот дел се обработени материјали од литературата, пр. од авторите Ндре Мједа, Наум Прифти и др. нормално прилагодувајќи се на соодветната возраст, како и материјали кои се за изразувањето и литеруатурното творење како и за медиумската култура. Тука пред се се поттикнува естетското чувство на ученикот за прифаќање на вредностите на убавото пишано, со што кај оваа возраст на ученици целта е да се стимулира љубовта кон книжевноста. Во овој дел истотака и се посветува големо внимание и на литературното творештво, вовлекувајќи го ученикот во првите чекори на творештвото, сето ова преку усно изразување, здобивајќи ги вака основните концепции за книжевната уметност, како расказот и др. Еден значаен агол, можеби за прв пат во нашето училиште, е и тоа дека на учениците им дава можност да се запознаат со основните поими на медиумската култура: телевизијата, радиото, филмот, театарот итн.
Во ракописот вториот дел од илустрациите се без бои. Во овој случај се губи контуинираното интересирање на ученикот за дадените примери.
Редоследот на буквите од азбуката е поделен во двата делови од букварот, која го спречува механичкото учење, како задолжителна наставна метода на азбуката во оваа возраст.“

КОМИСИЈА, БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Ајше Ајрулаи, Мито Стефановски, Блага Панева, Илија Лешковски, Јакуп Илјаз
„Ракописот со шифра 22 е во согласност со барањата на наставната програма по албански јазик во прво одделение. Пренагласени се содржините за програмското подрачје Подготовка за почетно читање и пишување. Програмската подрачја изразување и творење, Литература и Медиумска култура недоволно се застапени.
Соодносот слики текст не соодветствува, повеќе е застапен текстот.“

 

 
   
 

Книги | Учебници | CD-ROM изданија | За Табернакул | Контакти

(c) Табернакул - сите права поддржани