Табернакул
За Табернакул
Вести
Книжарница
Контакти
Книги Библиотека „Темелници“ Белетристика Класика За деца Поезија и лирика Драма Филозофија Религија Митологија Есеистика Историја Медицина Право Популарна наука Речници Монографии Од нашата традиција
 Учебници III одд. IV одд. V одд. VI одд. VII одд. VIII одд. I год. IV год.
 CD-ROM изданија
|
|
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ
шифра 36 – „Топер“, автори: Елеонора Стрезовска, професор по одделенска
настава; Јадрана Симитковска, професор по македонски јазик; Татјана
Нечевска, дипломиран педагог и Александра Митровска, професор по предучилишно
воспитание
РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА: проф. д-р Снежана Адамчевска, Душанка Панкова,
Надица Марковска
„Во ракописот се понудени одредени решенија кои можат да ја задоволат
сознајната љубопитност кај децата (елементи на анализа и самоевалуација
чии илустративни решенија треба да се корегираат со цел мотивација на
помалку успешните ученици). Илустративните компоненти задоволуваат.
Воочлива е пренатрупаност со илустрации со сложен амбиент тежок
за анализа од страна на децата.
Неопходно е сериозно преиспитување на застапеноста на обемните текстови
кои не можат да бидат разбрани од возрасната структура на корисници.
Составен дел на ракописот е и ЦД кое содржи оперативно изведени компоненти
и апликации на активностите во учебникот. Овие компоненти можат да ја
нагласт самостојната работа на децата во рамките на домашните обврски
во форма на дидактички следбеник.
Заклучно согледување:
Понудениот ракопис делумно ги задоволува основните концепциски
решенија и стандарди на учебник чии корисници се деца од прво одделение
во деветгодишното основно образование.
Доколку се направи корекција на пренатрупаните илустрации и
обемните текстови учебникот може да ги задоволи основните критериуми
и стандарди за користење.“
КОМИСИЈА, БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Ајше Ајрулаи, Мито Стефановски,
Блага Панева, Илија Лешковски, Јакуп Илјаз
„Ракописот со шифра 36 е работен според наставната програма за македонски
јазик за прво одделение. Наставните подрачја, содржините и поимите планирани
за обработка во програмата се обработени на ниво на детската возраст,
со примена на активни методи преку кои учениците ги анализираат понудените
илустрации опфатени со ракописот и донесуваат заклучоци и градат ставови.
Во учебникот е добро искомбинирана работата меѓу учениците и со наставникот.
Илустрациите се проблемски и на задоволително ниво. Преку нив учениците
ги добиваат сите потребни информации за обработка на соодветните поими.
Составен дел на учебникот е и ЦД кои содржи практични работни вежби
самостојна работа на учениците во корелација со подрачјата од наставната
програма.“ |
|
|