Дома - Табернакул


 

Што значи Табернакул

1. Внатрешниот дел од храмот, најскриениот, најсветиот, во кој се чувал ликот на бог во Египет, односно Старозаветниот ковчег во Ерусалим. Тоа е Куќата Божја (Книга Исход 26, 11). Сиот свет е опишан во светиот знак на Табернакул (Свети Иероним, Послание 64). Свети Иероним, толкувајќи ги старите преданија, во формата на Табернакул-от го препознава симболот на четирите елементи и на сите димензии. Согласно тоа, молитвата која се принесува околу Табернакул-от мора да го опфаќа сиот свет, во смисла да го допира и проникнува цел свет, доаѓа од него сеопфатно и повторно се враќа кон истиот. Уште Филон Александриски, филозоф, мислел дека (Животот на Мојсеј, Книга 3, 3-10) Табернакул не е само слика на светот, туку и слика на човекот и човековата положба во светот. Вкрстувањето на вертикалите и на хоризонталите во градбата на тој минијатурен храм, Светињата на светите, како и во човечкото битие, ја симболизира распнатоста на човекот меѓу сетилата и сетилното кои го упатуваат кон надворешниот свет (хоризонталата) и повикот за внатрешно, контемплативно сосредоточување (вертикалата).

2. Табернакул е слика на сиот свет, говорел Ориген (ранохристијански мислител), но светот осознаен како дијалектика на времето и вечноста, на човечкото и божјото, на створеното и нествореното, на видливото и невидливото. Табернакул не е само слика; он евоцира спојување на два света, или, ако сакате, два аспекта на истиот свет, во смисла што може да се каже дека вечното е во временското и трансцендентното во иманентното.

Слика, спој и енергетско средиште: светилиштето е геометриски лик проектиран така да обликува поле на сили. Златниот рез е мера на динамиката на светото. Силата што доаѓа од Бога вредно е да се фати, задржи, сочува во просторот наменет за луѓето. Табернакул со својата структура ја фокусира космичката енергија.


 

 
Претходни вести

   
 

Книги | Учебници | CD-ROM изданија | За Табернакул | Контакти

(c) Табернакул - сите права поддржани